Home INFO Крај на 16-годишниот пост: Бостон пак е најтрофеен во НБА

Крај на 16-годишниот пост: Бостон пак е најтрофеен во НБА

реклама:DIGITVMK

Екипата на Бостон Селтикс ја освои рекордната 18. шампионска титула и од денеска повторно е најтрофеен тим во НБА лигата.

Од 2020 година го делеа првото место со Лос Анџелес Лејкерс со по 17 прстени, но по триумфот против Далас во овогодишното финале (4-1), Бостон повторно е најуспешен тим. Ова е прва титула за Селтикс по пауза од 16 година и само втора во 21. век, односно втора во последните 38 години.

До четвртата победа во серијата, екипата од Масачусетс стигна ноќеска по триумфот од 106-88. На титулата на Бостон никој не може да даде никаква замерка бидејќи тимот беше убедливо најдобар во основниот дел од сезоната со биланс 64/18, а во плејофот доживеа само три порази на 19 натпревари. Тоа значи дека во текот на целата кампања Бостон имаше 80 победи и само 21 пораз.

Победата на Бостон на петтиот натпревар во ниеден момент не беше доведена во прашање. Далас ниеднаш не се најде во водство, а веќе во првата четвртина домашниот тим имаше двоцифрена предност. Во второто полувреме разликата ниеднаш не се симна под 15 поени, а само поради серијата од 8-0 во последните моменти кога се беше готово, Далас успеа да избегне катастрофа.

Најдобар играч на мечот беше Тејтум со 31 поени, 11 асистенции и 8 скока, Браун додаде 21 поен, а на спротивната страна блескаше Дончиќ со 28 поени, 12 скока и 5 асистенции.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------