Олимписките игри во Париз 2024, кои започнаа денес и траат до 11 август, претставуваат пресвртница во примената на вештачката интелигенција (ВИ) и технологијата во спортот.
Меѓу клучните иновации е заштитата на спортистите од сајбер малтретирање, со ВИ систем кој ќе ги надгледува социјалните мрежи и ќе ги означува навредливите пораки.
Исто така, ВИ автоматски ќе креира видео прегледи на настаните во различни формати и јазици.