
| Getting your Trinity Audio player ready... |
Бизнисменката и инфлуенсерка од Обединетите Арапски Емирати, Сара Ал Мадани, гостувајќи во подкаст, сподели совет што го добила од пријател – со цел да ги инспирира луѓето да ги претворат своите страсти во професија. Но нејзината изјава „Don’t love your job, job your love“ имаше спротивен ефект – стана вирален интернет-мем и предмет на шеги на социјалните мрежи.
Иако намерата била да поттикне луѓе да ги следат своите соништа, необичната конструкција ја збуни публиката и предизвика лавина духовити коментари. Корисниците веднаш почнаа да прават свои верзии, како:
„don’t face your fear, fear your face“
„don’t eat your food, food your eat“
„don’t sit on the toilet, toilet on the sit“
Многумина истакнаа дека збунетата реакција на водителот на подкастот била речиси еднакво смешна како и самата изјава.
View this post on Instagram
Којa е Сара Ал Мадани?
Родена во 1986 година, Ал Мадани е успешна емиратска претприемачка, модна дизајнерка и јавна говорничка. Првата модна марка ја основала на само 15 години, со што станала една од најмладите дизајнерки во земјата. Подоцна го проширила своето работење во технологија и маркетинг, а денес е членка на управниот одбор на Привредната комора на Шарџа и на Советот за мали и средни претпријатија на ОАЕ.
Што навистина сакала да каже?
Подоцна се покажа дека фразата не е нејзина, туку потекнува од нејзиниот пријател, подетприемачот Mohd Hilal. Додека на интернет се редеа шеги, на Reddit започна и сериозна дебата – некои корисници ја бранеа изјавата, тврдејќи дека „има смисла, само изведбата е чудна“. Тие ја поврзуваа со познатата мисла: „Ако го сакаш тоа што го работиш, никогаш нема да работиш ниту еден ден во животот.“
Конечно, Ал Мадани ја објасни својата порака во интервју за Khaleej Times:
„Не треба да се присилувате да го засакаете работното место што веќе го имате. Наместо тоа, земете го она што го сакате и ‘jobајте’ го – претворете го во професија. Работете за она што го сакате, наместо да го сакате она за што работите.“
Иако нејзиниот необичен израз стана повод за интернет-шеги, таа сè прифати со хумор:
„Обожавам колку се креативни луѓето,“ изјави таа. „Но сериозно, поентата е да изградите кариера околу она што ве исполнува, наместо да се присилувате во улога што не ве прави среќни.“






