АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Meghan Markle и стриминг платформата Netflix официјално ја прекинаа соработката околу нејзиниот lifestyle бренд As Ever“, кој отсега ќе продолжи да работи како целосно независен проект.

Брендот беше лансиран со поддршка од Netflix и беше тесно поврзан со нејзината серија With Love, Meghan“, која служеше и како платформа за промоција на производите. Сепак, серијата не доби нова сезона, што доведе до одлука партнерството да заврши.

Брендот продолжува самостојно

Од тимот на „As Ever“ соопштија дека се благодарни за поддршката што ја добиле од Netflix при лансирањето на брендот и во текот на првата година.

Доживеавме значителен и брз раст и ‘As Ever’ сега е подготвен да продолжи самостојно“, изјави портпарол на брендот.

Од Netflix исто така изразија поддршка за идните планови на Меган, истакнувајќи дека нивната улога била да помогнат во создавањето и стартувањето на брендот.

Милионски договор со Netflix

Меган Маркл и нејзиниот сопруг, принцот Хари, во 2020 година потпишаа договор со Netflix вреден околу 100 милиони долари, откако се повлекоа од активните должности во британското кралско семејство.

Во рамки на тој договор беа создадени неколку проекти, меѓу кои и документарната серија Harry & Meghan“, која беше голем хит на платформата. Но некои подоцнежни проекти, како lifestyle емисијата „With Love, Meghan“, не успеаја да привлечат исто внимание од публиката.

Што следува понатаму?

Иако соработката околу брендот е завршена, постои можност Меган и принцот Хари и понатаму да соработуваат со Netflix преку нивната продукциска компанија Archewell Productions, која може да предлага нови проекти за платформата.

Во меѓувреме, Меган Маркл планира да се фокусира на развојот на својот бренд и на создавање нова содржина за социјалните мрежи.

РЕКЛАМИ: