
| Getting your Trinity Audio player ready... |
Холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо долго беше познат по тоа што се гледа со жени помлади од 25 години, па таа занимливост стана многу популарна на Интернет и го доби името „Законот на Лео“. Но со тоа што ја продолжи врската со италијанската манекенка Виторија Черети, која неодамна наполни 28 години, на сите им даде до знаење дека сака позрела партнерка.
Претходно, Леонардо беше во врска со Бар Рафаели до 2010 година, годината кога таа наполни 25 години. Слично, неговата романса со Кели Рорба заврши во 2025 година, токму тогаш кога таа наполни 25 години.
Нина Агдал, уште една поранешна љубов, беше во врска со актерот од 2016 до 2017 година – истата година раскинаа, кога го прослави својот 25 роденден.
Започна врска веднаш по разводот.
Врската на холивудската ѕвезда со манекенката ја промени таа приказна. Черети, која претходно беше во брак со италијанско-американскиот диџеј Матео Милери, наводно нема потреба повторно да се мажи.
„Во претходните врски чувствуваше одреден притисок да ги официјализира со разговор за брак, но не се брза да го менува тоа што тој и Черети моментално го имаат“, рекол извор близок на двојката.
Кога ја започнале врската, Виторија имала 25 години, но тоа не го одбило, бидејќи знаел дека не сака брак и дека нема високи очекувања.
„Таа е најреалната девојка што некогаш ја имал и таа му дава чувство дека навистина е сакан. Се гледа дека и двајцата го ценат тоа што го имаат. Таа разбира дека неговиот распоред може да се промени и никогаш не покажува љубомора.“
И покрај тоа што еден од најпознатите актери во Холивуд често е опкружен со жени на филмските сетови и луксузните јахти, Виторија сака да му биде најдобра пријателка на Лео и нивната врска останува цврста.
„Тој тоа многу го цени, бидејќи важно му е да има свој социјален живот покрај животот со Виторија, која исто така има простор да се концентрира на својата успешна кариера. Тоа, едноставно, функционира, а пријателите веруваат дека таа е вистинската, бидејќи не го притиска за брак“, нагласил изворот.
Ди Каприо има зборувано на темата брак во минатото. Во интервју за магазинот „Парада“ од 2016 година рекол:
„Не можете да го предвидите бракот. Не можете да го планирате. Едноставно, ќе се случи тогаш кога треба.“
Друг анонимен извор рекол дека Лео не се гледа себеси во брак и дека е задоволен од тоа како стојат работите со Черети.
„Лео не чувствува потреба да се венча за да станат работите официјални во негови очи.“






