Home INFO Австралија ги постави првите камери во светот за откривање на мобилни уреди

Австралија ги постави првите камери во светот за откривање на мобилни уреди

SHARE

Австралиската држава Нов Јужен Велс, во која се наоѓа и Сиднеј, во неделата ги постави првите светски сообраќајни камери за откривање на мобилни уреди, со надеж дека ќе ги намали сообраќајните незгоди за една третина за две години, соопшти тамошната управа за сообраќај.

Камерите за откривање на мобилни уреди користат вештачка интелигенција за разгледување на фотографии и откривање на незаконска употреба на мобилните уреди.

Во Австралија, телефонските повици за време на возењето се легални, но само без раце. Се останато, како видео повици, користење социјални мрежи и фотографии, е нелегално доколку сте зад воланот.

Според официјалната статистика, оваа година во оваа земја во сообраќајни несреќи загинале 329 лица. Државата сака да ги намали сообраќајните несреќи за 30 проценти до 2021 година.

Во првите три месеци од воведувањето на системот за откривање, обвинетите возачи ќе добијат предупредувачки писма. Потоа, казните ќе бидат 233 американски долари – вообичаена казна и 457 долари казна за употреба на мобилен уред во училишната зона. И во двата случаи возачите добиваат плус казнени поени.

РЕКЛАМИ:
Loading...