Home INFO Брус Вилис го подели богатството од 250 милиони долари

Брус Вилис го подели богатството од 250 милиони долари

фото: Инстаграм
реклама:Велигден со Стаф

Семејството на Брус Вилис кон крајот на март оваа година, потврди дека актерот боледува од афазија, болест која влијае на неговите когнитивни способности.

Богатството на Брус се проценува на околу 250 милиони долари, а неговиот тестамент наводно бил менуван неколку пати.

Според „Радар оналајн“, по еден милион долари, актерот ќе им остави на ќерките Румер (34), Скаут (31) и Талула (28), кои ги има со Деми Мур.

Најголемиот дел од парите ќе одат за неговата сегашна сопруга Ема и нивните ќерки Мејбел (10) и Евелин (8).

„Брус сака да се погрижи неговите најмали деца да се финансиски безбедни. Тој верува дека на Румер, Скаут и Талула ништо нема да им недостига. Брус прво го промени тестаментот во 2009 година, откако се ожени со Ема, а потоа неколку месеци по раѓањето на нивните деца, а потоа повторно кога дознал дека има сериозни здравствени проблеми“, додал изворот на „Радар оналајн“.

Актерот исто така верува дека Деми, чие богатство се проценува на 200 милиони долари, секогаш ќе биде тука за Румер, Скаут и Талула.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------