Home INFO Ги презираат а ги следат: Хари и Меган ја срушија гледаноста на...

Ги презираат а ги следат: Хари и Меган ја срушија гледаноста на мега популарната серија!

реклама:Велигден со Стаф

Серијата Wednesday на Нетфликс, цели две недели беше најгледана на глобално ниво.

Но беше симната од тронот со емитувањето документарниот серијал за Хари и Меган.

Документарната серија го следи животот на војводата и војвотката од Сасекс по напуштањето на кралското семејство и е предмет на многу контроверзии откако се појави на Нетфликс.

Првата епизода од долгоочекуваниот документарен филм се емитуваше на 8 декември, а предизвика бројни реакции кај гледачите, а некои дури се заканија дека ќе ги откажат претплатите доколку документарецот не биде отстранет од платформата.

И покрај огромните критики, серијата ќе им донесе на Хари и на Меган заработка од 112 милиони долари и се предвидува дека ќе биде една од најгледаните документарни серии што ги објави Нетфликс.

Бакингемската палата соопшти дека нема да коментира за серијата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------