Home INFO Дали е безбедна Хургада: Интервју со Јордан Топкоски, инструктор по нуркање кој...

Дали е безбедна Хургада: Интервју со Јордан Топкоски, инструктор по нуркање кој живее во Египет

реклама:

Во екот на туристичката сезона, се повеќе Македонци одлучуваат својот летен одмор да го поминат во Египет, најчесто Хургада.

Немилите настани кои се случија токму во Хургада, каде минатото лето две жени настрадаа од напад на ајкула, предизвикаa паника кај граѓаните.

Паниката се зголеми кога пред неколку дена, на плажа во Хургада, многу блиску до брегот и пред очите на многу туристи, тигреста ајкула за 20 тина секунди буквално распарчи млад руски државјанин со престој во Египет.

Видеото од нападот стана вирално, и дополнително го зголеми стравот кај туристите.

За сите оние кои планираат да летуваат токму во Египет, но и на други дестинации покрај море, во Утринската на Телма гостуваше Јордан Топкоски, кој објасни дали туристите имаат причина за страв од напад на ајкули.

Јордан веќе 18 тина години со своето семејство живее во Египет, каде работи како инструктор на инструктори по нуркање.

Во интересен разговор со водителот Ненад Ѓорѓиевски, тој открива колку Хургада е безбедна за туристите.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------