Home INFO Велат дека финансиски ја искористува: Еве кој е Сем Ашгари, партнерот на...

Велат дека финансиски ја искористува: Еве кој е Сем Ашгари, партнерот на Бритни Спирс

реклама:

Контроверзната Бритни Спирс деновиве повторно е во фокусот навниманието.

Пејачката конечно со судска постапка се ослободи од старателството на својот татко, но се чини дека ова и не беше баш мудар потег.

Во јавноста проструија информација дека пејачката повторно им се вратила на наркотиците, а нејзините родители се многу загрижени поради ова.

И нејзиниот сопруг, се огласи во јавноста, велејки дека стравува нејзините синови да останат со мајката, бидејки постои опасност да наидат на непријатна случка и да ја видат предозирана со недозволени супстанци.

Бритни живее со својот партнер, Сем Ашгари, а нејзиното семејство се плаши дека тој финансиски ја искристува.

Тој е дванаесет години помлад од пејачката а се запознале на снимањето на спот за најзина песна “Slumber Party”, во 2016 година, каде тој имал главна улога.

Сем не губел премногу време, па веднаш ѝ го дал неговиот телефонски број. Пејачката призна дека му се јавила дури 5 месеци подоцна кога случајно го пронашла бројот со ливчето во чанта.

Обожавателите на Бритни на почетокот на оваа врска беа загрижени за неа, особено заради фактот дека Сем е 12 години помлад од неа и дека ја искористува заради парите и славата, но очигледно се испостави сосем спротивното.

Сем Ашгари е роден во Иран, а на својата 12та година го напуштил Техеран, каде живеел со својата мајка Фатима и трите сестри. Заминал да живее во САД со својот татко.

Кариерата ја започнал како личен тренер, потоа започнал да се бави со манекенство. За потребите на снимањето, лично Бритни го одбрала да глуми во спотот, гледајки фотографија од него.

Сем има улоги и во неколку серии како “Black Monday”, “The Family Business” а во 2019 година имал улога во филмот “Can You Keep Secret”.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------