Home INFO Dancers United – Славиме 10 години постоење и доделуваме 5 ексклузивни стипендии...

Dancers United – Славиме 10 години постоење и доделуваме 5 ексклузивни стипендии за сите кои сакаат да танцуваат!

реклама:

Dancers United со голема забава во клубот одбележа 10 години присуство на танцовата сцена.

Салите во клубот беа комплетно исполнети со сите поранешни, сегашни и идни танчери кои уживаа во енергијата која ја има само Dancers United.
Пред присутните гости свое емотивно обраќање имаше Сара Кочан која пред 10 години со својот вереник, сега сопруг Нермин Кочан ентузијастички, но со големи визии го отвориле клубот.

„Се радувам што од бетон, Dancers United прерасна во место кое сега има душа, место каде се танцува, другарува, помага, има и се шири само љубов.
Во своето 10-годишно постоење, Dancers United успеа да оформи извонреден танчарски кадар. Изминатата деценија во континуитет активно работевме на создавање, промоција и презентација на танцовата
уметност кај нас, како и на нејзин пласман на светската танцова сцена.

Целото свое знаење и искуство кое успеваме да го пренесме на нашите членови ни возврати со многу државни, европски и светски титули на кои сме посебно горди.

Највлијателната одлука која ја донесовме е да ги отвориме вратите за специјалната група наменета за лица со Даунов синдром со што ја остваривме целта, нашиот клуб да биде место за сите“ – изјави Сара Кочан по што го најави големото изненадување за сите кои сакаат да танцуваат.

Dancers United по повод големиот јубилеј ќе додели 5 стипендии на 5 талентирани танчери. Стипендиите комплетно ќе ја покријат целата членарина за следната 2024 година, учество на сите национални
натпревари на кои тие се дел, како и меѓународен натпревар кој вклучува котизации, превоз, престој и костими. Сите кои што се заинтересирани да бидат дел од Dancers United ќе можат да аплицираат до крајот на месец октомври, за што дополнително ќе бидете информирани. И како круна на своето десетгодишно постоење Dancers United го најави следниот голем предизвик, организација на голем меѓународен танцов натпревар DIAMOND Dance Competition кој ќе се одржи во април следната година.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------