Home INFO Двојниот живот на Бил Козби: Од семеен човек, до дрогиран напаѓач на...

Двојниот живот на Бил Козби: Од семеен човек, до дрогиран напаѓач на жени во Вегас

реклама:Велигден со Стаф

На малите екрани тој беше татко кој секој би посакал да го има.

Познатиот актер, Бил Козби ги освои срцата на сите со своето ТВ шоу во кое глумеше семеен човек.

Но, работите не биле толку сјајни во неговиот приватен живот,а изминативе години јавноста беше згрозена од деталите за неговиот приватен живот кои беа објавени во медиумите.

Козби имал мрачна страна која најчесто ја покажувал во Лас Вегас.

Актерот таму имал голем број на љубовници кои најчесто ги дрогирал па сексуално ги злоставувал а како јавна тајна останува податокот дека добил вонбрачно дете, кое сеуште не е признаено.

Плус помеѓу Козби и 13 жена се водел и судски спор за сексуален напад од страна на актерот под дејство на дрога.

Тужбата на крајот завршиле со спогодба, која не се појави во јавноста.

Сепак правдата го стигна и не сите жртви се откажаа од судски процес.

По долг судски процес, Бил Козби денеска, на свои 80 години беше осуден на затворска казна од три до десет години по обвинение за сексуален напад што го извршил во 2004 година.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------