Home INFO Голема новина од PayPal, купување со QR кодови

Голема новина од PayPal, купување со QR кодови

реклама:

Во време на корона вирус голема новина и можност доаѓа од PayPal каде што корисниците ќе можат да купуваат и продаваат со помош на QR код без да го допираат производот ниту па тоа да го прави продавачот.

Од земјоделските пазари до продажба на половни производи – воведувањето на QR-код во апликацијата PayPal им овозможува на клиентите да купуваат или продаваат лично.

Користењето на функцијата QR код во PayPal апликацијата овозможува лична трансакција со помош на паричник. На пример, клиентите кои лично продаваат предмети можат да испишат QR код, да го постават во своја близина, а потрошувачите едноставно ги скенираат износите кои ги плаќаат и веднаш ги испраќаат парите.

На продавачот ова му овозможува да ги минимизира физичките интеракции со клиентот, а исто така ја ограничува интеракцијата на корисникот со “checkout” технологија.

Не постои технологија за допирање или купување – само насочете ја камерата на паметниот телефон на QR-кодот кој е отпечатен или присутен на другиот екран.

– Знаеме дека во моменталното опкружување, купувањето и продавањето на стоки на здравствено освестен, сигурен начин, е приоритет за многу луѓе ширум светот, изјави Џон Кунзе, претставник на PayPal.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------