Home INFO Гвардиола: На полувремето на играчите им кажав дека ги сакам

Гвардиола: На полувремето на играчите им кажав дека ги сакам

реклама:

Манчестер Сити ја совлада екипата на Црвена Звезда со 3-1 во првото коло во групната фаза во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ беа шокирани по првиот дел откако имаа негатива, но во второто полувреме искористија три од многуте шанси, и на крајот дојдоа до триумф.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола откри што им кажал на фудбалерите на полувремето.

„Да губите 0-1 на полувреме после сите тие шанси не беше пријатно. Требаше да покажеме дека сме шампиони и дека сме способни да правиме пресврти. Во последно време имаме проблем со реализцијата. На полувремето им реков дека не играме лошо. Им кажав дека треба да го заборават резултатот и да се фокусираат на играта и дека можеме да направиме пресврт. Им реков да продолжат да играат така и да создаваат шанси, и дека ги сакам“, рече Гвардиола.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------