Home INFO Хит за овој период – печен млад компир со лукче

Хит за овој период – печен млад компир со лукче

реклама:Велигден со Стаф

Состојки:

500 гр млад компир
5-6 чешниња лук
маслиново масло
сол
бибер
лимон
рузмарин
Начин на подготовка:
Младите компирчиња нема потреба да ги лупите, само измијте ги убаво и исечете ги на половинки. Посолете ги и додајте црн бибер и други зачини по вкус.

Во друг сад ставете 5-6 чешниња лук, додадете маслиново масло и малку лимонов сок и сол. Истолчете убаво, додадете ги во садот со компирите и промешајте убаво.

Ставете во загреана рерна да се печат 45-50 минути или се додека не добијат кафеана боја и малку крцкава кора.

Декорирајте со рузмарин

Добар апетит!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------