Home INFO Исповед на Принцот Хари: Со алкохол и дрога се обидував да ги...

Исповед на Принцот Хари: Со алкохол и дрога се обидував да ги скријам емоциите

реклама:

Принцот Хари се јавува како продуцент во докумнтарен филм за менталното здравје, кој го изработи заедно со водителката Опра Винфри.

Во него, Хари говори на повеќе теми поврзани со неговото минато…

Принцот посетува психотерапевт 4 години, а од својата 12та година се бори со анксиозноста.

во својата триесетта година, прекумерено користел алкохол и наркотици.

„Сакав да пијам алкохол, да земам дрога, бев подготвен да правам работи со кои го унлажував она што го чувствував“ – изјави Хари.

Принцот ги обвинува членовите на своето семејство за поттиснување на емоциите кога имал потреба од разговор, а истото се случило и кога Меган минувала низ тежок период и помислувала на самоубиство. Кралското семејство одбивало да помогне и инсистирале тоа да се чува во тајност.

Според него, нивната несериозност кон менталното здравје на двајцата е една од главните причини за заминување на двојката во САД.

,,Мојата мајка беше протерана кон смрт бидејќи беше во врска со човек кој не е бел. А денес погледнете што се случува. Тоа се истите луѓе, истиот бизнис модел, истата индустрија. Нема да запрат додека таа не умре.”

The Me You Can’t See е насловот на документарниот филм које составен од 5 дела, а покрај Хари ќе се појават и Глен Клоуз и Лејди Гага, како и 14 експерти за ментално здравје.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------