Home INFO Корона на Евровизија! Паника пред големото финале

Корона на Евровизија! Паника пред големото финале

реклама:

Вчеравечер се одржа втората полуфинална вечер, на која не настапија во живо учесниците од Исланд.

Имено, клавијатуристот од тимот од Исланд е позитивен на Корона вирусот, па тимот не настапи на вчерашната полуфинална вечер.

Организаторите емитуваа снимка од генералната проба.

Исланд влезе и во финалните квалификации, но нема да настапат ниту во сабота на големото финале. И тогаш повторно ќе се емитува снимката од нивната генерална проба.

По овој немил настан, следела паника помеѓу натпреварувачите, па организаторите ги појачале тестирањата. Последните информации говорат дека засега нема нови случаи на корона позитивни, но останува да следиме што ќе се случува до сабота, кога е и финалната евровизиска вечер.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------