Home INFO Како нозете да ви изгледаат потенки и подолги и тоа без потпетици?

Како нозете да ви изгледаат потенки и подолги и тоа без потпетици?

реклама:Велигден со Стаф

Не очајувајте ако немате долги и витки нозе за какви сонувате бидејќи модните експерти имаат добри совети за вас.

Дури и не мора задолжително да носите високи потпетици за визуелно да ги издолжите, обидете се да си поиграте со облеката. Ретки се среќничките што може да се пофалат со извајани нозе.

Останатите се снаоѓаат како знаат, а најчесто тоа е со високи потпетици.

Меѓутоа, ако добро ја искомбинирате облеката и внимавате на деталите, на нозете можете дури да носите и балетанки, а тие секако ќе изгледаат подолго.

Накратко, еве неколку совети од видеото во продолжение кое треба да го меморирате во вашата глава.

– Бирајте панталони чија должина е до петите

– Ако сакате риги, носете си оние со вертикални, а не со хоризонтални линии

– Избегнувате долги маички и туники

– Идеална должина на маичките, кошулите или туниките е малку под струкот

– Бирајте здолниште со висок струк

– Обувките нека бидат во беж боја за да се претопат со нијансата на кожата

– Носете облека во монохроматска нијанса

– Бирајте кратки јакни и сакоа

– Долгите фустани со појас под градите визуелно ги издолжуваат нозете

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------