Home INFO Најромантичното место на медитеранот, единственотот превозно средство е магарето

Најромантичното место на медитеранот, единственотот превозно средство е магарето

реклама:Велигден со Стаф

Доколку ве интересира каде можете да ги поминете најубавите моменти со саканата личност, а притоа да не ве оптеретуваат бучавата и гужвата, пронајдовме одлична дестинација.

Хидра, романтичен остров во Грција, со сигурност ќе ви пружи прекрасен поглед кон синото море, уживање на песочните плажи, вкусот на свежата риба и возење со брод.

Хидра, помеѓу романтичарите, важи за еден од најубавите острови. Сместен е помеѓу два заливи, Арголис и Сарон, јужно од Атина.

На островот нема сообраќај, па со самото тоа посетителите се поштедени од звуковите на мотори и сирени. Локалните жители се многу љубезни, додека пак посебниот „шмек“ го даваат магарињата кои служат како превозни средства. Овој мал остров е познат и по преубавата архитектура, која датира од почетокот на 20-от век.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------