Home INFO Каква случајност: Оваа фотографија Новак Ѓоковиќ ја објавил 5 часа по немилиот...

Каква случајност: Оваа фотографија Новак Ѓоковиќ ја објавил 5 часа по немилиот настан

реклама:Велигден со Стаф

Мирослав Радисављевиќ (80), дедото на Јелена Ѓоковиќ бил најден врзан на нива откако непознати напаѓачи влегле во неговата куќа во централна Србија.

Радисављевиќ раскажал во полиција дека му се украдени околу 26.000 динари и мобилниот телефон.

Припадници на полицијата потврдија дека утринава пронашле 80-годишен маж заврзан за метална конструкција, кој на себе немал видливи повреди. Интензивно се трага по сторителите на ова кривично дело.

Веста ги потресе сите, но особено Јелена и Новак кои преку својата ПР служба изјавија дека се во шок и во интерес н истрагата нема повеќе да коментираат.

Српскиот тенисер, не знаејќи дека дедото Милосав бил киднапиран, неколку часа пo немилиот настан на социјалните мрежи објави интересна фотографија на која позира со својот тренер и таткото на Јелена а целото друштво го опишува како екипата од култниот филм “Кум”.
Да знаел што ќе се случи подоцна, оваа фотографија немаше да го види светлото на денот. Барем не денес!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------