Home INFO Кога ќе оставите двегодишно дете само: Синот им ги исече сите заштедени...

Кога ќе оставите двегодишно дете само: Синот им ги исече сите заштедени пари!

реклама:Велигден со Стаф

Брачен пар од американската држава Јута имале заштедено 1000 долари а со парите требало да го платат долгот за сезонските карти за фудбал.

Бен и Џеки Белнап буквално ја превртеле цела куќа барајки го пликот со парите, но безуспешно.

Мистеријата е откриена кога мајката во корпата за отпадоци открила куп зелени конфети.

Нивниот двегодишен син Лео, добро се забавувал протнувајки ги доларите низ машина за сечење хартија.

“Замлолчевме и незнаевме што да правиме. Му реков на Бен, еден ден ова ќе биде интересна приказна”, изјавила мајката на Лео за локалните медиуми.

Сепак не е се изгубено. Остатоците од парите, брачниот пар може да ги однесе во Министерството за финансии во Вашингтон, кое има одделение за уништени банкноти.

“Наредното утро се јавив во министерството, ми реакоа да ги спакувам остатоците од парите и да им ги пратам во Вашингтон. За една или две години ќе ни ги вратат парите!” – изјавил Бен.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------