Home INFO Овие цвеќиња го прочистуваат воздухот во домот

Овие цвеќиња го прочистуваат воздухот во домот

SHARE

Вашиот дом може да биде извор на штетни и невидливи токсини. Овие хемикалии можат да се најдат во бои, пластика, теписи, средства за чистење и многу други работи и материјали и се прошируваат преку воздухот во вашиот дом.

Три основа закани се во повеќето домови се:

За среќа,постојат многу растенија кои се моќни прочистувачи на воздух.

Ова се најефикасните растенија и совети за да ви помогнат да имате максимално прочистен воздух во домот.

Spatifil

Ова растение му припаѓа на семејството крин и го чисти воздухот од бензен, формалдехид, трихлоретилен и многу други соединенија. За подобрување на својствата на чистење на воздухот , редовно чистете ја прашината од листовите и негувајте ги белите цветови.
Успева во посветли средини. А земјата треба да е секогаш влажно и еднаш месечно во текот на пролетта и летото треба да се збогати земјата со течно ѓубриво. Доколку е на темно ќе се попречи развојот на цвеќето.

Dracena

Можете да го најдете во сите облици, големини и бои. Некои видови растат во услови на недоволна осветленост, додека други бараат повеќе светло. Земјата треба да биде влажна, но не премногу затоа што премногу вода може да го загрози растот на растенијата.

Еднаш месечно во текот на пролетта и летото да се обогати со течно ѓубриво.

Хризантема

Технички, хризантемата не е куќно растение, но со соодветна грижа може да опстои во домот околу 6 недели.

Хризантемите ставете ги каде е светло, но да не се изложени на директна светлина. Секој втор ден да се провери дали земјата е влажна и не претерувајте со вештачко ѓубриво.

Бамбус палма

Едноставна елеганција е термин кој најдобро го опишува ова растение.
Иако бара светло место, бамбусот не го ставајте на директна сончева светлина. земјата да биде влажна.

Бамбус палмата од воздухот елиминира формалдехид, ксилен, хлороформ, јаглерод моноксид и многу други соединенија.

Англиски бршлен

Тоа е зимзелено растение кое добро се адаптира во затворен простор. Англиски бршлен лесно расте и е одличен за области со лошо осветлување. Се препорачува за отстранување на алергените како мувла.

Редовно наводнување е потребно, но во текот на зимата, не претерувајте со наводнување.

Бршленот од воздух елиминира бензен, јаглерод моноксид, формалдехид, трихлоретилен, и друго.

Пеперутка палма

Доаѓа од Мадагаскар. Пеперутка палма е еден од најдобрите овлажнители и прочистувачи на воздухот, а има и декоративна улога.

Фикус

Потекнува од Индија. Поради тропски изглед одлично е за декорација на вашиот дом. Листовите се обично широки, темно зелени и сјајни. Најмногу е ефикасен во отстранување на формалдехид од воздухот.

Расте во светли средини. Редовно бара чистење на листовите од прашина со цел да го задржат својот сјај.

Елиминира од воздухот јаглерод моноксид, формалдехид, трихлоретилен и уште други соединенија.

РЕКЛАМИ:
Loading...