Во само неколку чекори, ќе имате готов ручек или вечера за целото семејство
Потребно е:
1 главичка кромид
1 голема свежа пиперка
1 морков
1 свеж домат
700 г свежа зелена боранија (може и жолта замрзната)
1 лажичка сув зачин
1 лажичка црвен пипер
црн пипер
3 јајца
1 лажица павлака
50 мл млеко
4 чешниња лук
сечкан магдонос
масло
Подготовка:
Пржете ги сечканиот кромид, пиперката и морковот во масло. Додадете ја боранијата, прелијте ја со вода и варете 30 минути.
Изматете ги јајцата со павлаката во сад и додадете млеко. Додадете црвен пипер, црн пипер и суви зачини и измешајте сè рамномерно.
Кога водата ќе испари а боранијата ќе биде сварена, додадете сечкан лук и сечкан магдонос.
Додајте ги мешаните зачини и јајцата, а потоа истурете во тавата. Печете на 220 степени Целзиусови околу 30-40 минути за да испари течноста. Сервирајте топло. Пријатно!

























