Home INFO Македонскиот документарец „Mедена земја“ испишува историја

Македонскиот документарец „Mедена земја“ испишува историја

реклама:Велигден со Стаф

Македонскиот документарец „Медена земја“ денес доби две номинации за „Оскар“, за најдобар документарец и за странски филм.

„Преку жената која случајно ја сретнавме, пред светот се отвори приказна – алегорија на една глобална слика каде што хуманото и натуралното се борат да преживеат. Атиџе и пчелите се прототип за новиот генски материјал, кој треба да победи во битката на титаните, каде што природата се бори со деструктивното.“ – стоеше во објавата на официјалната Фејсбук страница на документарецот.

„Медена земја“ направи културолошки пресврт во домашни но и светски рамки.

„Медена земја“освои 15 значајни награди на најпрестижните филмски фестивали а филмските критичари го вброија во најдобрите десет филмови за 2019 та.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------