Популарните пејачи честопати се соочуваат со непројатности за време на јавните настапи.
Пејачот Миле Китиќ изминатиов викенд бил нападнат на настап во Базел, Швајцарија, а деталите за инцидентот ги открива за српскиот Блиц.
Имено пејачот бил нападнат од гостин во клубот кој не можел да чека Миле да ја заврши започнатата песна и да ја отпее следната која била негова желба.
Како што изјавува за Блиц, гостинот демонстративно го повлекол Миле, кој промашил едно скалило и се нашол на подот. Лутиот гостин му ја искинал кошулата на Китиќ, но обезбедувањето во клубот реагирало на време па бил спречен поголем инцидент. Китиќ продолжил со настапот, а насилникот бил одведен од полиција.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------