Home INFO Многумина го сметаат за најдобар: Кој божиќен филм ги освои сите оваа...

Многумина го сметаат за најдобар: Кој божиќен филм ги освои сите оваа година?

реклама:

Божиќниот филм „The Noel Diary“ на Нетфликс беше објавен пред околу две недели, а многумина уште сега му ја додоа титулата еден од најдобрите романтични комедии…

Романтичната комедија „The Noel Diary“ се базира на истоимениот роман од Ричард Пол Еванс и го следи животот на писателот на бестселери, Џејк Тарнер, кој за Божиќ се враќа дома, за да го подготви имотот на мајка му за продажба.

Но, таму среќава интригантна млада жена која е во потрага на својата биолошка мајка.

Исто така, Џејк во таа куќа ќе го пронајде дневникот на мајката на девојката, кој ќе му открие многу тајни за неговото, но и за минатото на младата жена која штотуку ја запозна.

Иако многумина сметаат дека сценариото на овој (како и секој божиќен) филм прекрасна, други пак го нарекуваат еден од најдобрите празнични романтични комедии.

„Овој филм е совршена, класична божиќна комедија. Има смеа, солзи, романса… Ма има сѐ“, „Апсолутно го обожавам овој филм. „The Noel Diary“ е совршен избор ако сакате нешто да ве израдува. Прекрасен е. Едвај чекам повторно да го изгледам со своето семејство“ – се само некои од коментарите за овој филм.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------