Home INFO TikTok тестира хоризонтален приказ на видеата преку цел екран

TikTok тестира хоризонтален приказ на видеата преку цел екран

реклама:Велигден со Стаф

Популарната социјална мрежа повторно експериментира со нови функции со цел колку што може подобро да му конкурира на YouTube.

Минатата година TikTok истакна дека на глобален план забележа милијарда месечно активни корисници, но тоа не ја спречува компанијата константно да претставува нови функции.

Најновиот експеримент на TikTok омозможува на избрана група корисници ширум светот да пристапи на хориознтален мод на приказ преку целиот екран, за видео содржините кои ги прегледуваат на својот телефон.

Од компанијата за TechCrunch потврдија дека корисниците, кои се избрани како дел од овој тест, можат да видат тастер на квадратни или правоаголни видео клипови во својот feed. Кога ќе го притиснат тој тастер, видеото се проширува хоризонтално и го зазема комплетниот екран.

TikTok клиповите се познати по тоа што се во прашање кратки, вертикални видео снимки, а креаторите и натаму мораат да стават поката „завртете го телефонот“ на почетокот од видеата, доколку снимаат во пејсажен мод.

Ова е уште еден во низата потези на TikTok со кои се обидува да ја привлече публиката која можеби повеќе го сака форматот којшто го нуди YouTube. Претходно годинава, TikTok ја продолжи максималната должина на видеата од 3 на 10 минути.

Исто така, според наводите од извештајот на TechCrunch, уште од средината на 2020 година децата и тинејџерите повеќе време минуваат на TikTok отколку на YouTube.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------