Home INFO Нарушено здравјето на кралицата Елизабета

Нарушено здравјето на кралицата Елизабета

реклама:

Веста дека деведесет и пет годишната кралица Елизабета имала проблеми со здрвјето ја разбранува британската јавност.

Според извор близок до кралската куќа, кралицата останала еден ден во една приватна болница од практични причини, а во четвртокот попладне им се вратила на полесните обврски.

Кралицата ја откажа својата официјална посета во Северна Ирска во средата, а лекарите и препорачале одмор и мирување и дека не се работи за ковид-19.

„Почитувајќи ја лекарската препорака да мирува неколку дена, кралицата во средата попладне беше на прелиминарни тестови. Таа се врати денес во замокот Виндзор за време на ручекот и е во добро расположение“, соопштија од палатата.

Елизабета Втора како британски монарх што е најдолговечен и кој најдолго владее, следната година треба да го прослави својот јубилеј – 70 години на престолот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------