Home INFO Болдвин не знаел дека пука со вистински куршуми

Болдвин не знаел дека пука со вистински куршуми

реклама:Велигден со Стаф

По ужасниот инцидент кој се случи на снимањето на вестерн филмот “Рѓа”, откако ја уби директорката на фотографија и го рани режисерот на снимање филм истражителите веднаш го испрашале актерот Алек Болдвин .

Инцидентот се случил за време на проба, објави Дедлајн, додавајќи дека „главниот член на актерската екипа пукна со пиштол несвесен дека во него има вистински куршуми“.

Халина Хачинс, која беше директор на фотографија, им подлегна на раните, додека режисерот Џоел Соуза „е на лекување за повредите“, стои во официјалното соопштение за немилиот настан.

Портпаролот на продукцијата за Дедлајн рекол дека инцидентот се состои од „грешка во пукање со реквизит-пиштол со ќор-фишеци“, инсистирајќи дека „безбедноста“ на актерската екипа е „главен приоритет“. Снимањето е прекинато, а филмскиот град е ставен во блокада поради инцидентот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------