Актерот Бен Афлек, во друштво на Џенифер Лопез и неговиот син Семјуел (10), посетиле салон за изнајмување на луксузни автомобили.
Бен му дозволил на малиот да седне зад воланот на жолт Lamborghini автомобил. Наводно, автомобилот работел, па момчето почнало да го враќа назат и удрил во бело BMW паркирано веднаш зад него.
Jen and Ben with Sam 💚 06.26.22 #Bennifer #BenAffleck #JenniferLopez #JLo pic.twitter.com/WYG5VvVzPo
— Hayley M. 🇺🇸 (@HayleyMJLover) June 27, 2022
Видеото од незгодата кое стана вирално на социјалните мрежи предизвика лавина од коментари во јавноста.
Семјуел е најмалото дете на Бен Афлек и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер. Заедно имаат уште две деца – ќерките Вајолет (16) и Серафина (13).
Иако настанатата штета е минимална,многумина го осудуваат Бен бидејќи му дозволил на 10-годишниот син да седне зад воланот.