Home INFO Јелена Карлеуша “удри” по Ѕвездите на Гранд, дали е во право?

Јелена Карлеуша “удри” по Ѕвездите на Гранд, дали е во право?

реклама:

Завчера се одржа големото финале на музичкото тв шоу Ѕвездите на Гранд.

Првото место го освои Нермин Ханџиќ, кој беше под менторство на пејачката Вики Милковиќ.

Оптшо познато е дека оваа година, во жирито на шоуто е пајачката Цеца Ражњатовиќ, која дојде на местото на Јелена Карлеуша.

Двете пејачки со години се во лоши односи, а Карлеуша во повеќе наврати јавно ја прозива Цеца, честопати изнесувајки навреди кон неа и нејзиното семејство.

Овојпат, преку споменување на Цеца, Карлеуша го искритикува Звездите на Гранд.

“Мене ми е шокантно што не видов ниту еден твит, ниту пак меме посветени на финалето на Звездите на Гранд. Цеца со своето учество ги погреба Пинковите ѕвезди, но јас бев сигурна дека Гранд е јак бренд и дека ќе преживее. Некој едноставно не е за шоу. Ужас и штета.. Каков спектакл беше некогаш.. Луѓето се собираа во сабота пред тв екраните да гледаат, сега никој не знаеше ниту за финалето” – напиша Карлеуша на својот Инстаграм профил.

Сепак, фактите говорат дека оваа година финалето на Ѕвездите на Гранд било далеку погледано од кога Јелена Била во жири. Во финалето стигнале дури 400 000 смс гласови.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------