Home INFO Одлучи да и стави крај на зависноста од дроги: Еве каде ќе...

Одлучи да и стави крај на зависноста од дроги: Еве каде ќе се лекува Дарко Лазиќ

реклама:

Иако на јавноста веќе и беше познато дека српскиот фолкер има навика да користи наркотици, сепак изминатиов период стана јасно дека состојбата на Дарко Лазиќ во однос на ова прашање е повеќе од сериозна.

“Иако родителите на Дарко се среќни што неговата здравствена состојба се подобрува, сепат тие и понатаму стравуваат дека кога ќе излезе од болница би можел повторно да им се препушти на наркотиците. Поради ова се распрашуваа на повеќе места за рехабилитација, а кога пријатели им открија за новите методи на лекување во манастирот Црна Река, тие одлучија по секоја цена да го убедат синот токму овде да оди на рехабилитација – открил извор за еспресо.рс

Иако Дарко на нивниот предлог одговорил дека сеуште има време и ќе рзмисли, неговите родители не се надевале многу дека ќе успеат да го наговорат на лечење. Таа тема Дарко неколку пати ја избегнувал и ги замолил родителите да не ја споменуваат, се додека не излезе од болница.

Но откако дознал дека неговата вереница Марина е бремена и ќе стане татко по втор пат, наводно пејачот одлучил дека конечно е време да се промени од корен и да се обиде да и стави крај на кокаинската зависност па ја замолил мајка си да добие информации за манастирот Црна Река.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------