Home INFO Ова е причината поради која Цеца Ражњатовиќ беше во затвор!

Ова е причината поради која Цеца Ражњатовиќ беше во затвор!

Foto: Youtube/printscreen
реклама:Велигден со Стаф

Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ имаше бурно минато.
Беше апсена, лежела во централен затвор, а потоа и во куќен притвор. Многумина ја напаѓаа, но таа се бранеше со молчење.

Кога ја прашале поради што била во притвор и дали тоа има врска со тоа што во куќата било најдено оружје од нејзиниот сопруг, Цеца изјавила дека тоа е стара приказна.

„Не сакам да се навраќам на тој период и времето кое ми донесе само страдања. Ретко коментирам се што тогаш преживеав. Не правев скандал во медиумите и можеби тоа е мојата грешка. Да бев погласна и да се бранев од секакви напади можеби подобро ќе поминев во животот и немаше да ми лепат секакви етикети. Мојата агонија траеше десет години и ден денес некои работи не ми се јасни“ – изјавила Цеца за српските медиуми.

Познато е дека Цеца и Жељко биле пријатели со Ружица и Зоран Ѓинѓиќ

„Ние бевме блиски пријатели, Жељко и Зоран беа во одлични односи, а на концертот на Маракана првото цвеќе го добив токму од Зоран и Ружица. И после смртта на Жељко Зоран и јас бевме во одлични односи. Тој беше првиот кој дојде да ми изрази сочувство. Ми кажа:„Ајде заедно да тргнеме против Милошевиќ и да го тргнеме од власта“. Јас го одбив. Со политика никогаш не се занимавав и воопшто не ме интересира. А тогаш се случи атентатот врз Зоран, а сите ние многу загубивме со неговата смрт“ – појаснува Цеца.

Била уапсена поради затајување данок

„Тоа се случуваше во времето на ембарго кога единствено беше можно да се плаќа во кеш. Казнета сум поради трансфер кој дојде во кеш и е прокнижен на мое име. Затоа ја плаќам казната, а не поради затајување данок, бидејќи тие сметаа дека јас имав лична корист Секој динар кој дојде од фудбалерите е вложен во Обилиќ што е и евидентирано, па не падна онолкав стадион од небо“ – изјавила Цеца.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------