Home INFO Овој петел ги скара Французите! Работата стигна и до суд

Овој петел ги скара Французите! Работата стигна и до суд

реклама:

Двајца пензионери не можеле да го издржат кукурикањето на петелот Морис, чиј ритуал почнува во 6.30 часот. Тие се жалат дека не можат да спијат од него, па го тужеле петелот.

Случајот предизвика жолчни расправи во Франција.

На почетокот на процесот во знак на поддршка дојдоа многу фанови на Морис со кокошки и петли во рацете, кои гордо се шетаа пред судската зграда.

За многумина овој процес претставува борба за зачувување на животот во француските села.

Сопственичката на Морис, Корин Фесо изјави: „Кога мојот петел би можел да зборува, би рекол: Оставете ме намира да си пеам!“
Морис не се појави во судницата. Според неговата сопственичка, тој е под стрес и е засипнат.

Целата драма се одвива во француското селце сместено на атлантскиот брег на северот на земјата.

Таму живеат седум илјади луѓе , повеќето пензионери.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------