Home INFO Познатиот холивудски пар обезбеди 35 милиони долари за Украина, Зеленски лично им...

Познатиот холивудски пар обезбеди 35 милиони долари за Украина, Зеленски лично им се обрати (видео)

реклама:Велигден со Стаф

По нападот врз Украина од страна на Русија, голем дел ос свтски познатите личности се обидуваат да му помогнат на украинскиот народ.

Актерската брачна двојка Аштон Качер и Мила Кунис успеаа преку донаторска акција да обезбедат над 30 милиони долари за помош на Украина, поточно за програмата за помош на Украинците што бегаат од својата земја разурната од војната.

Кога ја отворија страницата GoFundMe на 3 март, Мила и Ештон првично ветија дека ќе соберат околу 3 милиони долари во донации, со цел да се обезбеди непосредна хуманитарна помош за украинските бегалци.

Веста ја споделија преку видео порака на Инстаграм.

„Само сакаме да кажеме дека ја постигнавме нашата цел“, вели Мила во клипот пред Ештон да додаде: „Собрани над 30 милиони долари“.
„Над 65.000 од вас донирале. Ние сме преплавени со благодарност за поддршката и иако ова е далеку од решавање на проблемот, нашиот колективен напор ќе обезбеди помош за толку многу луѓе додека се движат во својата иднина на неизвесност“. – кажа Мила која е родена во Украина.

Претседателот Зеленски, на Твитер лично им се обрати и им се заблагодари за помошта.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------