Home INFO Во недела започнува летното сметање на времето

Во недела започнува летното сметање на времето

реклама:Велигден со Стаф

Во недела, на 27 март, во 2 часот наутро, часовникот ќе се помести еден час напред на 3 часот.

Летното сметање ќе заврши на 31 октомври во 3 часот, со поместување на стрелките еден час наназад.

Европскиот парламент уште пред 2 години го поддржа предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија.

Ова ќе стапи на сила оваа година, кога секоја членка ќе може да избере дали постојано ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.

За оние земји кои планираат да останат на летно сметање на времето, ова ќе биде последното поместување на стрелките на часовникот.

Веќе може да се забележи дека се стемнува околу 18 часот, што значи дека пред крајот на месецот, вечерта ќе ни доаѓа некаде по 19 часот а во летните месеци, сонце ќе имаме и по 20 часот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------