Home INFO Предбрачен договор, прослава вредна милиони: Се ближи свадбата на Бекамови

Предбрачен договор, прослава вредна милиони: Се ближи свадбата на Бекамови

реклама:Велигден со Стаф

На 7-ми Април ќе се одржи свадбената прослава која веќе предизвика внимание во светската јавност.

Во брак ќе стапат Бруклин Бекам (23) и Никол Пелц (27).

Бруклин е син на фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам и модната дизајнерка Викторија Бекам, а таткото на Никол, Нелсон, е претприемач кој инвестирал во најважните компании во САД.

Имајки во предвид дека таткото на невестата има богатство кое се проценува во милијарди, идниот брачен пар наводно потпишал брачен договор, па доколку парот се разведе, нивниот сопствен имот ќе биде заштитен.

Забавата ќе се одржи во раскошен имот на семејството Пелц во Палм Бич, Флорида. Лускузна вила од 103 милиони долари, со поглед на океанот, со голем парк каде што бракот ќе се слави со еврејски обред, бидејќи таа е Еврејка.

Веќе е потврдено присуството на неколку јавни личности, меѓу кои и Гордон Ремзи, Џиџи Хадид, Ева Лонгорија, синот на Мадона, Елтон Џон, кој воедно е и кум на младоженецот, но и принцот Хари и Меган Маркл.

Според информации на странските медиуми, Никол ќе носи венчаница со потпис на Валентино, за што два пати веќе патувала во Рим, каде лично ја пречекал Пјерпаоло Пичоли кој е креативен директов на луксузната модна куќа.

Никола Пелц има не многу успешна кариера на актерка и модел, но многу е веројатно дека покрај популарноста на семејството Бекам, ќе стане интересна за јавноста но и за филмските режисери.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------