Home INFO Бекамови го женат синот: Еве кој ќе ги добие првите фотографии од...

Бекамови го женат синот: Еве кој ќе ги добие првите фотографии од свадбата!

реклама:Велигден со Стаф

Најстариот син на славниот пар Викторија и Дејвид Бека, на 9 април годинава ќе стапи во брак со својата избраничка.

Свадбата ќе се одржи на еден од имотите на вереницата на Бруклин, милијардерката Никол Пелц. Станува збор за лукзузна вила на Флорида, со 27 спални соби, пространи градини и фасцинантен поглед на море, а венчавката ќе биде во складот со еврејската традиција, бидејќи Никол потекнува од еврејско семејство.

Со цел да се заштити богатството на идните младоженци, тие потпишале и предбрачен договор. Имено семејејството Бекам располага со имот од околу 900 милиони долари, додека пак богатството семејството Пелц се брои во милијарди.

Несомнено е дека ова ќе биде венчавка на деценијата, а на церемонијата е предвидено да присуствуваат многу светски познати личности, меѓу кои и принцот Хари и Меган Маркл.

Она што е познато досега е дека невестата ќе носи креација од Валентино, а на забавата на гостите им е забрането да употребуваат телефони и да се вклучуваат на социјалните мрежи.

Според британски Мирор, правата на објава на свадбени фотографии го има познатиот магазин Вог.

Младоженецот за свои кумови ги одбрал помладите браќа Ромео и Круз, а Никол својот брат и бивш хокеар Бред.

За потсетување, Бруклин и Никол љубовната врска ја започнале во 2019 година, а една година подоцна, во јули 2020 ја објавија својата веридба.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------