Home INFO Проверете дали сте психички стабилна личност

Проверете дали сте психички стабилна личност

SHARE

Ејми Морин, американски психотерапевт направи листа на особини кои психички стабилните личности не ги поседуваат.

„Психички силните луѓе имаат здрави навики. Успешно се носат со емоциите, мислите и однесувањето на начин на кој ќе овозможат успех во животот“, порачува Морин.

Проверете кои работи не ги прават психички стабилните луѓе.

1. Не губат време на самосожалување

Наместо времето да го поминуваат жалејќи се или обвинувајќи ги другите, овие луѓе ја преземаат одговорноста и сфаќаат дека животот не е секогаш лесен или чесен.

2. Не дозволуваат некој да ги контролира

Психички стабилните личности не им дозволуваат на другите да ги контролираат, ниту пак да имаат моќ над нив.
Тие сфаќаат дека токму тие се оние кои што ја имаат контролата над своите емоции и изборот како да се однесуваат.

3. Не се плашат од промени

Психички стабилните личности не ги избегнуваат промените. Наместо тоа, промените за нив се предизвик во кој што тие можат да покажат колку се флексибилни.

4. Не губат енергија на нешта кои што не можат да ги контролираат

Наместо да тагуваат за нешто што не можат да го променат, психички стабилните личности се посветуваат на она кое што можат да го контролираат.

5. Не се грижат дали ќе ги задоволат останатите

Психички стабилните личности сфаќаат дека не треба животот да си го посветат на задоволувањето на другите. Тие не се плашат да речат „не“ кога тоа е потребно.

6. Не се плашат од ризикот

Психички стабилните личности нема невнимателно да ризикуваат, но тие не се плашат од добро пресметаните ризици. Пред донесувањето на големите одлуки, овие луѓе добро размислуваат и се упатени во се што може да очекуваат.

7. Не го блокираат својот ум со мисли за минатото

Психички силните личности не трошат време размислувајќи за сето тоа што можело да биде поинаку во минатото. Тие учат на своите грешки и не дозволуваат постојано да ги прават истите грешки. Наместо тоа, психички стабилните личности ја планираат својата иднина.

8. Не се љубоморни на туѓиот успех

Овие луѓе се способни да го ценат, па дури и да се радуваат на туѓиот успех. Не се љубоморни ниту кога се чувствуваат измамено.

9. Не се откажуваат по првите лоши резултати

Психички стабилните личности не го гледаат неуспехот како причина за откажување, туку како искуство поради кое што може да го поправат сето она што не било во ред.

10. Не се плашат да бидат сами

Овие луѓе немаат потреба секогаш да бидат во друштво и не се плашат од тишината. Всушност, времето кое што го поминуваат сами го користат за нешто продуктивно.

11. Не чувствуваат дека светот им должи било што

Психички стабилните личности немаат чувство дека некој треба за нив да се грижи и дека нешто еден ден треба да им биде платено. Тие самите ги бараат можностите врз основа на сопствените способности.

12. Не очекуваат моментални резултати

Што и да прават, овие луѓе не очекуваат резултатите веднаш да дојдат, доколку тоа не е реално. Наместо тоа, тие сфаќаат дека требаат да вложуваат труд и време, се со цел одредени промени да се случат.

РЕКЛАМИ:
Loading...