Home INFO Шакира има нов дечко?! На вечера со познатата НБА sвезда

Шакира има нов дечко?! На вечера со познатата НБА sвезда

реклама:

Познатата пејачка Шакира, неодамна ја раскина децениската врска со фудбалерот Пике, со кој имаат два сина.

Шакира е приметена во друштво на 13 години помладата НБА sвезда Џими Батлер (33), и многумина се посомневаа дека станува збор за тајна романса.

Кошаркарот и пејачкат вечерале во ресторан во Лондон, каде пристигнале одвоено. Нешто по 22 часот секој заминал по својот пат. Ресторанот го напуштиле одделно, а Шакира била испратена до својот автомобил од страна на обезбедувањето на Џими.

Како што за E! News открива лице кое било присутно во ресторанот, потенцијалниот пар уживал во меѓусебнотот друштво, јадејки суши и пиејки коктели.

Гласините за врската ги подгреа и самата Шакира, кога пред отприлика еден месец објави видео од кошаркарски натпревар на кој присуствувала.

Батлер предходно беше поврзуван со Селена Гомез, а со бившата девојка Кејтлин Новак ја има ќерката Рајли.

Тој игра за Мајами, каде и живее.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------