Home INFO Со какви монструми живееме! Малата Данка е убиена, полицијата во моментов се...

Со какви монструми живееме! Малата Данка е убиена, полицијата во моментов се упатува на местото на злосторството!

реклама:

Малата Данка Илиќ е убиена, соопшти денес српскиот претседател Александар Вучиќ, а убијците кои го признале злочинот во моментов ја носат полицијата на местото каде го закопале телото на девојчето.

„Имам лоши вести за ова дете, за нашата Данка од Бор. Полицијата уапсила две лица кои ја убиле малата Данка, а колку што разбрав и двајцата го признале тоа. Со какви чудовишта си имаме работа. Имаме ли повеќе детали? Ако немаме, останатото ќе ве информира полиција. Благодарам на полицијата за се“, најави Вучиќ на вонредната седница на Владата.

Утрово наводно биле пронајдени траги од крв на автомобил и на основа на ова биле приведени две лица.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна во семејната викендица во околината на Бор, Србија откако нејзината мајка на неколку секунди се оддалечила од неа.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------