Home INFO Сте чуле ли за енергетски часовник? Еве како функционира

Сте чуле ли за енергетски часовник? Еве како функционира

реклама:G Natural

Во источната медицина се верува дека постои внатрешен „часовник“ по кој одредени органи во телото се активни одредено време, односно додека едни работат, други одмараат.

Ако тоа го знаеме, Кинезите веруваат дека може да планираме кога и што да јадеме, во кое време е најдобро да пиеме чај, вода, кафе, а кога да се одмораме, но и колку долго да спиеме.b

Енергетскиот часовник е поделен на 12 двочасовни периоди, а тоа изгледа вака:

Од 5 до 7 часот

Во ова време фокусот е на работата на дебелото црево. Тогаш е најдобро време да се стане, да се испие 3дл вода и да се прошета кратко.

Грешка е по станувањето веднаш да се пие кафе, што и многумина практикуваат, бидејќи кофеинот се однесуваа како диуретик и ја исфрла водата од организмот баш во времето кога на дебелото црево му е потребна.

Од 7 до 9 часот

Работата на цревата во ова време е најизразена. Тоа е период кога треба да се појадува.

Првиот оброк треба да содржи овошје, протеини, здрави масти и јаглени хидрати со низок индекс на шеќери. Во ова време може да се пие и кафе.

Од 9 до 11 часот

Време кога се активира слезината, односно период кога најмногу треба да се ангажираме на работата.

Слезината ни помага правилно да функционира метаболизмот при размена на хранливите материи во енергија.

Од 11 до 13 часот

Ако во овој период ручате, најмногу ќе ја подобрите циркулацијата. Ручекот треба да биде лесен.

Од 13 до 15 часот

По ручекот, тенкото црево треба да го превари сето она што сте го изеле.

Тогаш и мозокот најдобро функционира, особено ако треба да решавате важни проблеми или да носете битни одлуки.

Од 15 до 17 часот

Време е да завршите со дневните обврски, а ова е период кога мочниот меур е најактивен.

Поради тоа најдобро е да се напиете шолја чај и на тој начин да се ослободите од токсините.

Од 17 до 19 часот

Период во кој е најдобро да вечерате.

Бубрезите се најактивни бидејќи се трудат да ја вратат цела енергија која за време на работниот ден сте ја потрошиле.

Ако се чувствувате уморно во овој период, задолжително легнете и одморете се.

Во ова време перикардот е одговорен за циркулација на мозокот и репродуктивните органи.

Од 21 до 23 часот

Идеално е за завршување на работниот ден и опуштање со книга.

Во ова време избегнувајте да јадете, бидејќи штитната и надбубрежната жлезда во ова време доставува енергија на сите органи на телото, го забрзуваат метаболизмот и ја подигнуваат температурата на телото.

Од 23 часот до 1 часот по полноќ

Кој има камен во бубрези или жолчка во ова време има најмногу болки, бидејќи ова е период кога најинтензивно работи жолчната кеса.

Од 1 до 3 часот наутро

Станувањето во ова време во тоалет треба да биде знак дека во текот на денот сте пиеле течности, сте јаделе многу грицки и нездрава храна.

Црниот дроб тогаш ги ослободува отровите, а нездравата храна може да ја наруши нејзината работа.

Од 3 до 5 наутро

На крајот на циклусот, белите дробови се најактивни и тогаш се исфрлаат отрови со кашлање.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“