Home INFO Тие се како роботи: Се огласи Пике, еве што им порача на...

Тие се како роботи: Се огласи Пике, еве што им порача на обожавателите на Шакира!

реклама:

Откако минатата година објавија дека се разделуваат, фудбалерот Жерар Пике и пејачката Шакира се постојано на мета на медиумите.

Како главна причина се наведуваше неверството на фудбалерот, а тој набрзо почна да се појавува со својата нова девојка, младата Клара Чија Марти.

Двајцата беа осудени од многу луѓе, обожаватели на Шакира, која кратко по разделбата ја сними песната „Music Sessions Vol.53“ во која ги осуди Пике, неговата девојка и неговата мајка.

Фудбалерот открива што мисли за Шакира и нејзината песна.

„Денес е многу модерно да се напаѓа човек, но не размислуваме за последиците што може да ги има на ментално ниво за личноста кон која е насочено. Излегува одлично за една личност, но не размислуваме за другата личност потоа“, рече Пике.

„Што мора да се случи? Можеби некој ќе се самоубие, а ние ќе кажеме: Оф, отидовме предалеку. Многу сум разочаран од општеството“.

Потоа се осврна на нејзината песна во која таа го прозва него но и неговата нова девојка и мајка.

„Не знаете што добивав од нејзините обожаватели. Не ми е гајле бидејќи тоа се луѓе кои јас воопшто не ги познавам. Не знам, можеби немаат живот. Каква важност треба да им дадете? Нивната важност е нула. Никогаш во животот нема да ги сретнете, тие се како роботи“, заклучил фудбалерот.

Меѓутоа, овие изјави предизвикаа уште поголем гнев кај луѓето кои му порачале дека и тој „мора да размисли какви последици ќе има врз психичкото и физичкото здравје на мајката на неговите деца неговото неверство и предавството на човекот со кој поминала 12 години“.

„Како не ти е срам“, „На негово место јас би молчел“, „Класичен манипулатор“, се само дел од коментарите.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------