Home INFO Влошено е здравјето на Весна Змијанац! Пејачката мора итно да се оперира

Влошено е здравјето на Весна Змијанац! Пејачката мора итно да се оперира

реклама:Велигден со Стаф

Поради видно нарушено здравје, на фолк пејачката Весна Змијанац мора да и се направи итна операција на срцето.

Српската пејачка Весна Змијанац (66) мора итно да оди на операција на срцето.

Српските медиуми пренесуваат дека откако нагло и се влошила состојбата, итно и е закажана интервенција на крајот на неделава во болница во Белград.

“Весна во последно време не се чувствува добро. Имаше чести аритмии, а притисокот ѝ беше превисок, и до 250. Затоа и закажа преглед, при што лекарите утврдиле дека мора што поскоро да ѝ се монтира бајпас”, открива извор близок до семејството за српски портал.

Таа ги откажала сите настапи предвидени за месеците кои следат.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------