Home INFO Ова е новиот дечко на Мадона!

Ова е новиот дечко на Мадона!

реклама:Велигден со Стаф

Кога станува збор за нејзиниот љубовен живот, поп иконата Мадона во изминатиов период се повеќе ја шокира јавноста со изборот на партнери.

Таа неодамна раскина со манекенот Ендрју Дарнел, кој беше 40 години помлад од неа.

Не остана долго сама, па според пишувањата на странските медиуми, Мадона утеха нашла во прегратките на дваесет и деветгодишниот боксер Џош Попер.

Мадона објави фотографија со него само неколку дена по раскинувањето со Дарнел и тогаш почнаа гласините за нејзината нова љубов со младиот спортист.

Мадона сега ја потврди врската со Попер, објавувајќи фотографија на која се бакнуваат во серија сториња на Инстаграм.

„Убијци кои се забавуваат“, напиша таа покрај фотографијата која набрзо ја отстрани од Инстаграм.

Можеби со овие фотографии пејачката само сака да им даде мотив за коментирање на нејзините следбеници, и да започне приказни.

Но земајки ја во предвид нејзината љубовна исторја, сосема е можно таа навистина да е во врска со боксерот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------