Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено и засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од -1 до 5 степени, а дневната од 4 до 15 степени.
Во Скопје променливо облачно време со умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде до 2 степени, а максималната до 9 степени.
Во петок не очекува студено утро, а претпладне променливо облачно време.
Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------