Home INFO Ѕвездите откриваат какви сте во љубовта

Ѕвездите откриваат какви сте во љубовта

реклама:Велигден со Стаф

Најлесно е да сакате и бидете сакани, но ако добро се познавате себе си и својот партнер. Хороскопот во овој случај може само да ви помогне во љубовта.

Секој астролошки знак има посебен „љубовен потпис“ кој зборува за начинот на кој ја искажува и прима љубовта.

Некои основни патокази може да ви наговестат дали сте срамежливи, отворени или пасивни кога е во прашање љубовта.

ОВЕН 
Страст и верност се клучните зборови во неговиот љубовен стил. Се раководите по својот вкус и секогаш превземате конкретни мерки кога се во прашање чуствата. Во врската сте храбри и отворени и дозволуваате другите да дознаат на што точно се со вас.

БИК
Спори и сензуални, вие многу добро знаете како, каде и што сакате. Вашата љубов делува утешително и приземјено за сите кои ќе се сретнат со вашата добрина. Предани сте и стрпливи, но барате од партнерот тоа да го почитува.

БЛИЗНАЦИ
Интелектуалниот спој е нешто што највеќе го вреднувате во љубовта. За вас стимулациона и забавна дебата е најдобариот афродизијак, бидејќи цените интелегенција и досетливост пред се. Од партнерот очекувате да ви парира во тоа.

РАК
Сонувачи и интуитивни, повеќе од се сакате да бидете во можност да ги делите чувствата со партнерот и да почувствувате приврзаност и разбирање. Вие сте грижливи и уживате во тоа да се грижите за личноста која ја сакате.

ЛАВ
Кај креативните и разиграни лавови во љубовта е потребна страст. Вие сакате да се забавувате и бидете забавувани во врската , бидејќи досадата ја сметате за смртна пресуда. Вашата природа бара да бидете во цетарот на вниманието кај партнерот или многу брзо може да изгубите интерес.

ДЕВИЦА
Вашиот аналитичен, внимателен и понекогаш чуден ментален склоп бара партнер коj ќе ви покаже колку ве сака. Вие барате редовни вербални потсетници дека сеуште се грижи за вас или постојани љубовни пораки кои ви го подобруваат расположението. Со примање љубов, девиците истовремено стануваат дарежливи.

ВАГА
Романтични и друштвени, секогаш смислувате оригинални начини да го задоволите партнерот. Важно е дека конфликтите во врската ги сведувате на минимум, бидејќи ви го нарушуваат чувството на рамнотежа и хармонија, па во врската преферирате примена на дипломатија.

ШКОРПИЈА
Вашата емоционална интензивна природа бара длабка и силна поврзаност со партнерот. Веројатно најпрвин ќе ве одбие поврзаноста, бидејќи сакате да нурнете под површината и да ги истражите сите тајни на вашиот партнер.

СТРЕЛЕЦ
Разновидноста и авантурата за вас се неопходни во љубовта. Ентузијасти и дарежливи по придода во искажување на вашите чувства, но најдобро се снаоѓате во врска во која имате доволно простор да барате и да ја истражите непознатата територија.

ЈАРЕЦ
Вие сте предан и прагматичен љубовник и својата љубов ја изразувате повеќе со дела, отколку со емоции и зборови. Кај партнерот сакате да оставите чувство дека сте способни да се грижите за него така што тој или таа се чуствуваат како да имаат се.

ВОДОЛИЈА
Слободата и индивидуалноста се најважни поими кои ги доживувате во љубовта. Вие сте интензивен и стимулиран партнер кој секогаш има нешто ново да понуди во врска, се додека имате простор да бидете свои.

РИБИ
Вашиот емотивен и чувствителен стил со кој сакате доаѓа од длабочината на вашиот карактер. Преполни сте со љубов која сакате да ја подарите и во врска цените кога се чувствувате сигурно за да го отворите своето срце без страв дека некој ќе ве искористи.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------