Home INFO Ја загуби битката со тешката болест: Почина симпатичниот Стенфорд од “Sex and...

Ја загуби битката со тешката болест: Почина симпатичниот Стенфорд од “Sex and the City“

реклама:Велигден со Стаф

По долга и макотрпна битка со рак на панкерасот, во 57-мата година од животот почина актерот Вили Гарсон.

„Многу те сакам тато. Почивај во мир, драго ми е што имаше можност да ги споделиш сите авантури со мене и заедно успеавме да постигнеме многу…„ – со овие зборови неговиот 20 годишен посвоен син ја потврди несреќната вест на Инстаграм.

Вили се прослави со улогата на симпатичниот Стендфорд од култната серија Sex and the City а имаше улоги и во други познати серии – Hawaii Five-O, Two and a Half man, Las Vegas…
За последен пат беше фотографиран како работи заедно со неговата колешка Сара Џесика Паркер.

Гарсон ќе остане запаметен и по големата хуманост. Бил активен член во повеќе добротворни организации.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------