АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Со хитот „Лидија“, Young Dadi буквално ја запали сцената и стана едно од најспомнуваните имиња меѓу младите. Песната за кратко време стана вирална, постојано ја слушаме на радио станиците, се пее на забави и ги освои социјалните мрежи.

Но што стои зад овој успех и дали приказната е навистина толку едноставна? Во разговор за ХИТ ПОРТАЛ, младиот артист искрено открива како настанал хитот и што следува понатаму.

„Лидија“ буквално експлодираше – дали очекуваше ваков успех или те изненади реакцијата?
Искрено очекував, но не до волку.

Кој е вистинскиот момент кога сфати дека песната станува хит?
Кога видов дека уште првиот ден ја пеат луѓе на забави, се снимаат со песната, а и добив многу позитивни критики од луѓе кои ретко ми даваат комплименти.

Што мислиш дека најмногу ја „фати“ публиката кај оваа песна?
Заразната мелодија и Лидија.

Како изгледаше процесот на создавање – од идеја до финален продукт?
Буквално ми се појави пред очи. Бевме во студио за скроз друга песна, на пауза од снимање одлучив да барам нови мелодии и некако природно ми дојде цел текст во 15 минути. Бидејќи немавме време, снимив се на брзина, а Андреј Николов ми ја прати средена и аранжирана за 3 дена. Потоа собравме екипа и напорно работевме на развивање на видео записот. И за некои два три месеци излезе „Лидија“.

Социјалните мрежи многу помогнаа за хитот – дали планирано ја „буткавте“ песната или се случи органски?
Вистинскиот хит секогаш најмногу бутка органски. Нормално, ние дадовме сѐ од себе за добар маркетинг.

Како би се опишал себе си како артист – што те издвојува од другите?
Автентичен, упорен, позитивен и човек кој верува во невозможното, спремен да ги скрши сите бариери и предизвици.

Како се справуваш со критики и хејт на интернет?
Не се справувам, ги оставам да коментираат.

Што е најлудото нешто што ти се случило поради популарноста?
Имало многу луди случувања, не би открил ниедно бидејќи не се за пред јавноста.

Подготвуваш ли нови песни или можеби албум?
Подготвував албум во скроз друг правец, но „Лидија“ некако ме предомисли.

Што би им порачал на младите што сакаат да влезат во музиката денес?
Бидете храбри, упорни, сонувајте, работете многу и верувајте во себе – ништо не е недостижно.

Очигледно е дека „Лидија“ не е само случаен хит, туку резултат на инспирација, работа и момент што се погодил во вистинско време. А ако судиме според самодовербата и плановите на Young Dadi – ова е само почеток.

 

РЕКЛАМИ: