АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!

Денвер ноќеска ја победи Индијана на нејзин терен со 125-116, а Јокиќ имаше интересна статистика. Постигна 18 поени, имаше 9 скока и дури 19 асистенции. Најмногу во неговата кариера на еден натпревар.

Ова е и втор ефект во историјата на НБА кога станува збор за асистенции на центрите, рекордот го држи Вилт Чембрлејн со 21 асистенција.


Што се однесува до поените, најефикасен кај Денвер беше Гордон со 25 поени, Портер реализираше 19. Во составот на Индијана Тарнер постигна 23 поени.

Резултати:

Детроит – ЛА Клиперс 106-97
Индијана – Денвер 116-125
Филаделфија – Чикаго 110-125
Вашингтон – Бруклин 107-99
Атланта – Мајами 98-86
Оклахома – Минесота 128-131
Јута – Портланд 112-114
Сакраменто – Шарлот 130-88

РЕКЛАМИ: